Црна хроника
Истрели ги вознемирија жителите на Арачиново
Повеќе истрели во два одделни случаи ноќта кон неделата го вознемирија населението во скопското село Арачиново, но за среќа нема повредени.
Во првиот случај во скопската полиција било пријавено дека во саботата навечер околу 20 часот, две лица од пиштол испукале три куршума кон куќата на жител на селото Арачиново. Сопственикот на куќата кон која било стрелано на увидната екипа на СВР Скопје им рекло дека ги препознал лицата и дека причина за пукањето било меѓусебно недоразбирање.
Подоцна, половина час по полноќ , во скопската полиција повторно било пријавено од жител на Арачиново дека кај локалното старо училиште се слушало пукање од автоматско оружје. Полицајците коишто излегле на местото на инцидентот од разговорите со локалните жители дознале дека непознати лица од неидентификувано возило во движење пукале во паркиран автомобил БМВ , при што од испуканите проектили нема повредени лица.
И во двата случаи е извршен увид и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случаите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.