Црна хроника
Обид за шверц на минерали и девизи
Канаѓанин се обидел да изнесе од Македонија 32 килограми минерали нелегално ископани во Македонија, а македонски државјанин се обидел да изнесе 37 илјади долари од Македонија.
Царинските службеници ги откриле на аеродромот Александар Велики. Канаѓанецот во средата околу 11 часот летал за Виена, а при царинската контрола не пријавил ништо. Но цариниците во неговиот багаж нашле пронајдоа 17 вреќички полни со неоргански минерални материи – земјени суровини со вкупна тежина од 32 килограми.
Канаѓанецот бил геолог и рекол дека станува збор за мостри ископани од територијата на Македонија и Косово врз кои веќе биле извршени проспекциски геолошки истражувања без соодветна дозвола од надлежните органи на Македонија.
Утрово пак е откриен обид за нелегално изнесување на 37 илјади американски долари.
Околу 5 часот денес, за излез од Македонија со лет за Загреб се пријави македонски државјанин кој пријавил дека со себе носи само 300 евра. Поради сомневање, царинскиот службеник извршил детална контрола при што кај патникот се пронајдени вкупно 39.600 американски долари.
Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2000 евра, па според тоа, 2,600 долари му се вратени на патникот, додека останатите 37 илјади евра се одземени.
Против двајцата престапници е поведена прекршочна постапка, а девизите и минералите се привремено одземени./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.