Црна хроника
Кривична пријава за екс директорот на училиштето во Иванковци
СВР Велес го осомничен поранешниот директор на ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан” за сторени две кривични дела, јави порталот Лисица.
Од полицијата велат дека 48 годишниот З.Ј додека бил директор во училиштето, кое се наоѓа во село Иванковци, постапил несовесно потпишувајки штетна спогодба за надомест на материјална штета.
„Пријавениот додека ја извршувал функцијата директор на ООУ ‘Стојан Бурчевски-Буридан’ во село Иванковци несовесно постапил во рамките на своите должности и овластувања и своерачно потпишал штетна спогодба за надомест на материјална штета од причина пожар, на ден 04.09.2012 година со друштво за осигурување УНИКА АД Скопје, во висина од 3.784.885,00 денари, помала од утврдената 11.317586,00 денари, со пријавата на штета од 15.06.2011 год, а потоа истата и своерачно ја заверил со непостоечки број од деловодната книга, со што на УНИКА АД Скопје и овозможил да стекне противправна имотна корист, а на штета на ОУ ‘Стојан Бурчевски-Буридан’ од село Иванковци”, рече Ненко Александров, портпарол на СВР Велес
Опожарувањето на училишната зграда се случи пред две години. Во непосредна близина на местото каде што беше училишната зграда, Министерството за образование изгради ново модуларно училиште во кое и денеска учат ученици од прво до осмо одделение. /крај/лсц/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.