Црна хроника
Заедничка вежба на македонската и српската полиција
Полициски службеници од различни организации при македонското и српското министерство за внатрешни работи во изминативе неколку дена реализираа заеднички вежбовни активности и на македонска и на српска територија под име “константно гонење“, соопшти во саботата МВР.
Заедничката акција беше во согласност со Конвенцијата за полициска соработка во југоисточна Европа, а нејзина цел беше координирањето на оперативните активности на двете полициските служби на двете министерства при бегство на извршители на кривични дела од едната на другата територија.Според сценариото на вежбата во ситуација на грабеж активностите беа насочени кон гонење на сторителите. Притоа во првиот дел претпоставениот грабеж беше извршен на македонска територија при што следеше лоцирање на сторителите нивно следење од македонски полициски службеници во тесна соработна и со граничната полиција, потоа продолжување на гонењето и на српска територија каде што во координирана акција се вклучуваат и српски полициски службеници и сторителите се фаќаат. Истите активности беа изведени и во спротивна насока односно во ситуација кога грабежот е извршен на српска територија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.