Црна хроника
Откриени 30 странски државјани без документи
Македонската полиција во саботата изутрина во две одвоени акции откри вкупно 30 странски државјани, по потекло од неколку држави, кои немале документи за идентификација.
Првата акција е изведена во 04.30 часот на магистралниот пат Штип-Велес кај село Кадрифаково, кога полициските службеници од забележале камион „ТАМ“ со струмички регистерски ознаки, сопственост на Н.К.(1939) од село Едрениково, кое се движело во правец од Штип кон Велес. Откако засега непознатиот возач ја забележал полициската патрола, со возилото свртел полукружно и се упатил кон Штип. Полициските службеници го запреле возилото, а возачот скокнал од него и се дал во бегство. Од просторот наменет за товар излегле повеќе лица кои се упатиле кон блиската борова шума. Истите се запрени и констатирано е дека се работи за 28 странски државјани без документи за идентификација и без регулиран престој во Македонија. Тие се приведени и задржани во полициската станица-Св.Николе за понатамошна постапка. Утврдено е дека се работи за лица на возраст од 16 до 43 години и тоа 4 по потекло од Еритреја, 4 по потекло од Сирија, 4 по потекло од Сомалија, 4 по потекло од Авганистан, 4 по потекло од Пакистан, 3 по потекло од Гвинеја, 3 по потекло од Алжир и по еден по потекло од Сиера Леоне и Сенегал. Во моментот се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот и негово пронаоѓање, како и други лица инволвирани во кривичното дело „Криумчарење мигранти“Претходно, во 02.30 часот кај Тунели – Демир Капија, од страна на полицијата запрела патничко возило „Мерцедес“, управувано од Б.М.(1984) од с.Мустафино-Св.Николе, при што затекнати се двајца сириски државјани без патни исправи. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.