Црна хроника
Работникот во РЕК Битола починал од природна смрт
Во вторникот, околу 15,10 часот, во рудникот Суводол како последица на срцев удар починал работникот на подружница РЕК Битола Александар Аврамовиќ 49 години од Битола потврдија официјлано од комбинатот во вечерва.
Надлежните органи извршија увид на лице место, при што е констатирано дека работникот починал од природна смрт, поради што истражниот судија не наредил обдукција на телото на починатиот, официјално соопштија од комбинатот.
Според првичните информации, беше јавено дека несреќниот работник починал при пад од багер, што го потврди во првиот момент и битолската полиција.
И првите информации од РЕК Битола говореа дека тамошните лекари и лекарите од итната медицинска помош констатирале дека станува за масивен тежок инфаркт, што е потврдено и при полицискиот увид за целосно расчистување на околностите во кои починал рударот./крај/мф
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.