Црна хроника
Во плинска боца откриени 16 кг марихуна
Царинските службеници во четвртокот открија 16 килограми марихуана којашто била скриена во плинска боца во багажник на „голф“, со кој управувал албански државјанин.
Албанецот бил запрен на граничниот премин Табановце и на цариниците им рекол дека тргнал од Албанија преку Косово за Белград, за да ја посети својата девојка.
Но бидејќи бил нервозен, цариниците почнале детално да го прегледуваат „голфот“. Во багажникот имало поставена плинска боца која била полна, истовремено бил полн и резервоарот со бензин.
Цариниците ја демонтирале плинската боца и откако го испуштиле гасот, внатре во боцата нашле уште една боца до која стигнале со сечење со бонсек. Откриени биле 16 килограми марихуана.
Но, Албанецот не дејствувал сам, откриени биле уште тројца албански државјани во близина на Кичево, едниот од нив бил организатор на транспортот на дрогата.
Албанецот, кај кого беше најдена дрогата, пред две години позајмил 1.500 евра од организаторот на транспортот, но бидејќи не можел да му ги врати, бил приморан да ја пренесе марихуаната за Италија.
Пред два дена го зел „голфот“ од механичарски сервис, каде претходно била скриена марихуаната.
Му изготвиле фалсификувана меѓународна возачка дозвола и го префрлиле возилото на негово име.
Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а сторителите се изведени пред истражен судија./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.