Црна хроника
Беџети: Да заврши правната постапка во Приштина, па потоа ќе знаеме за екстрадицијата
Министерството за правда чека да заврши правната постапка во Приштина, за да добие одговор дали двајцата првообвинети за петкратното убиство кај Смилковско езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат испорачани во Македонија.
„Министерството за правда ги презема сите постапки како за сите други случаи, така и во наведениот случај. Ние сме во комуникација со министерството за правда на Косово, сé уште не сме официјално известени. Но по сознанијата што ги имаме, факт е дека таму има сторено кривично дело од страна на обвинетите кои се тема на ова прашање за екстрадиција. И факт е дека од правна гледна точка треба да заврши постапката во Приштина. Потоа ќе добиеме и одговор за екстрадицијата“, изјави Беџети.
Косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи изјави дека Демири и Исмаиловиќ имаат косовско државјанство и дека Косово не екстрадира свои граѓани. Демири и Исмаиловиќ беа приведени во март во Приштина, но министерот за правда, Блерим Беџети не знае кога го добиле косовското државјанство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.