Црна хроника
Адвокатот тврди дека обвинетите во Монструм имале косовски државјанства пред убиствата
Насер Рауфи, адвокатот на првообвинетите во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ тврди дека и двајцата имале косовско државјанство пред да се случи петкратното убиство кај Смилковското езеро и покрај дописот на косовското министерство за внатрешни работи до весникот Вечер дека Демири и Исмаиловиќ немаат косовски државјанства.
„Неофицијално двајцата поседуваат косовско државјанство, јас тоа го дознав од семејствата, но не знам точно од кога поседуваат“, изјави Насер Рауфи кој вели дека е во постојан контакт со косовските институции и со двајцата обвинети.
За дописот од косовското министерство за внатрешни работи, Рауфи смета надлежните мислеле на тоа дека обвинетите во последниот период немале извадено државјанство и поради тоа испратиле таков одговор.
Со ова останува неизвесно дали двајцата обвинети за убиството кај Смилковското езеро ќе бидат екстрадирани во Македонија да им се суди, откако од Косово минатата седмица дојдоа различни информации за тоа дали Демири и Исмаиловиќ имаат косовски државјанства.
Покрај дописот од косовското министерство за внатрешни работи, министерот за правда на Косово, Хајредин Кучи за регионалниот портал Сетајмс изјави дека Косово не екстрадира свои граѓани.
Во понеделник продолжи судењето за петкратното убиство. Пред судот сведочеа братучеди на првообвинетиот Демири и Хаки Азири.
Тие го раскажаа истото што го раскажа и Хаки пред судот. Според него, на 12-ти април, вечерта кога се случи грозоморното убиство, Демири и Азири отишле кај нивниот братучед Џевад Азири и таму играле шах, па друштвена игра „океј“ до 4 часто сабајле.
Вечерта на интернет виделе дека се случило петкратно убиство и на интернет пребарувачот Google барале каде точно се наоѓа Смилковското езеро.
Се очекува на следните рочишта да сведочи и Диме Весков, затвореник од Идризово, кој според пишувањата на дел од медиумите тврдел дека црвениот „опел“ бил на алфите и дека го препознал бидејќи бил приведен со тоа возило./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.