Црна хроника
Професорот обвинет за педофилија повторно на обвинителна клупа-јавноста исклучена
Јавноста повторно беше исклучена од судењето за професорот од гиманзијата во Драчево кој е обвинет дека сексуално злоставувал ученици што во вторник започна од почеток.
Апелација го врати предметот на повторно судење откако Основниот суд 1 донесе ослободителна пресуда.
Според неофицијални информации, апелација го вратила предметот на повторно судење бидејќи немало направено психијатриско вештачење на жртвите, односно сега треба да се утврди дали тие фантазирале или зборувале реално.
Авокатот на обвинетиот професор, Ефто Спировски по завршувањето на првото рочиште изјави дека денеска бил повторно сослушан обвинетиот професор и адвокатот се уште стои на тврдењето дека професорот го „наместиле“.
Тој тврди дека од Апелација одлучиле уште еднаш да бидат сослушани сведоците бидејќи давале нејасни и контрадикторни информации. Спировски вели дека за психијатриското вештачење на жртвите ќе се одлучува дополнително.
Професорот сега е суспендиран од дрчаевската гимназија, но училиштето дополнително го раскинало договорот за работа со него. Поднесена е тужба за оваа одлука на гимназијата и се чека апелација да го потврди уважувањето на одлуката од страна на првостепениот суд.
Професорот по историја се товари дека најмалку две години сексуално злоставувал ученици од оваа гимназија. Тројца ученици дале писмени изјави против професорот во текот на истражните дејствија.
Според МВР, две години, заклучно со 16-ти декември минатата година, професорот повикувал ученици во неговиот кабинет, ја заклучувал вратата, им покажувал карти со порнографска содржина, порнографски списанија и барал од нив на компјутерите да гледаат порно филмови и порно клипови. Во исто време пријавениот вршел полови дејствија пред учениците. Полицијата соопшти дека професорот го признал делото. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.