Црна хроника
Запленети девет килограми хероин во Драч
Албанската полиција откри и заплени девет килограми дрога од типот хероин во Драч, јави дописникот на Макфакс.
Дрогата била откриена во еден автомобил со албанска регистарска табличка, а сопственикот на возилото Ардијан Ристеми ( 43 г ), бил приведен.
Дрогата била пакувана во 14 ќесиња и истата според полицијата требало да биде пренесена во Италија, за каде требало да патува албанскиот државјанин кој е од Скадар со еден фериброд.
Првичните информации наведуваат дека станува збор за силен меѓународен шверцерски канал за хероин. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.