Црна хроника
Пресечен нарко-канал од Албанија за Хрватска, уапсен полицаец
Во петокот доцна навечер во Скопје, припадниците на Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Оддел за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи и на Царинската управа пресекоа меѓународен канал за криумчарње марихуана од Албанија преку Македонија до Хрватска, при што се запленети 23,5 килограми марихуана и притоа е уапсен полицаец.
За овој транспорт македонската полиција претходно имала сознанија и во петокот навечер по 21,50 часот во Скопје, полициски службеници и припадници на мобилната екипа при Царинската управа сопреле камион со хрватски регистарски ознаки кој го управувал 59-годишен хрватски државјанин. При претресот на возилата во возачката кабина биле пронајдени куфер во кој имало седум пакувања со различна форма, патна торба во која имало три полиетиленски пакувања и уште еден куфер во кој имало две големи полиетиленски вреќи исполнети со непозната растителна материја.
Според документираните сознанија од истрагата во текот на мај годинава, лицето 48-годишен жител на Тетово кој е идентификуван од полицијата организирал купопродажба на марихуана за Хрватска и притоа од 37-годишен жител на Дебар побарал да му набави 25 килограми од дрогата.
Откако дебранецот ја набавил марихуаната заедно со 31-годишен сограѓанин кој е вработен како полициски службеник во полициската станица во Дебар акај кого при полициската акција е пронајден пиштол марка „Застава“ со калибар 9 мм и една рамка со осум куршуми кој го поседувал без одобрение, го изрвшиле транспорт на марихуана од Дебар до Тетово, а потоа заедно со тетовецот дрогата му ја предале на хрватскиот државјанин кој требало да ја транспортира до Хрватска и да ја предаде на непознато лице кое било нарачателот.
При проверката на растителна материја откриена во хрватскиот камион во Одделот за криминалистичка техника при МВР, е констатирано дека станува збор за марихуана со висок квалитет во вкупна тежина од 23,580 килограми која на нарко пазарот на големо би достигнала цена од околу 70 илјади евра.
До Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје во текот на саботата ќе биде поднесена кривична пријава против сите лица инволвирани во овој случај, кои се осомничени дека го сториле делото „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, и заедно со кривичната пријава ќе бидат предадени на надлежен истражен судија.
Истовремено, се преземаат и дополнителни мерки и активности со кои треба да се расветли случајот и да е откријат други евентуално инволвирани лица во овој транспорт, за кој се претпоставува дека е дел од меѓународен синџир, имајќи ги предвид неколкуте случаи во кои хрватската полиција заплени поголеми количества разни дроги и уапси повеќе лица кои патувале или потекнуваат од Тетово./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Доживотен затвор за лице кое на свиреп начин уби жена во Кочани
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.
Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа, во 20.45 часот, во Полициската станица Аеродром, К. И. (48) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б. Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчер,а во 15.45 часот, во Полициската станица Драчево, А. Н. (52) од Скопје пријавил дека на улицата Јустинијан Први во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возило излетало од патот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден
Синоќа, во 19.20 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с. Ново Село, Кумановско, патничко возило „сеат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. З. (20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.