Црна хроника
Разбеснет охриѓанец од 'калашников' пукал во локал
Еден охриѓанец заработи кривична пријава под сомнение дека предизвикал општа опасност а негов пријател за помагање, откако ноќта кон саботата било пукано од автоматска пушка кон охридското кабаре „Беко“.
Триесет итригодишниот охриѓанец половина час пред полноќ со пријателот претходно биле во локалот по што првиот по кусо време откако нарачал пијалак почнал да трипа со пивско шише по масата, по што од персоналот бил замолен да го напушти објектот.
Меѓутоа, овој разлутени од постапката двајцата пријатели отишле во домот на 33-годишниот Б.П. од каде земал автоматска пушка и пиштол коишто ги поседувал без одобрение и повторно се вратиле во кабарето каде Б.П. во револверашки стил со нога ја отворил влезната врата и откако ја репетирал автоматската пушка веднаш испукал повеќе куршуми.
По брза интервенција на полициските службеници пријавените се приведени во СВР Охрид. На лице место одземени се автоматската пушка и пиштолот како и повеќе куршуми. При извршен преглед во патничкото моторно возило „форд мондео“ кое претходно било управувано од Б.П. пронајдени се уште 68 куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.