Црна хроника
По две години приведен осомничен за мини фабрика за марихуана
По две години полицијата го приведе провоосомничениот за случајот мини фабрика за производство на марихуана откриена во магацински простор во скопската населба Драчево.
Триесет идвегодишниот А.Г. бил приведен викендов во ресторанот „Панорама“ во село Волково.
Во магацинскиот простор во 2011 година беа откриени 1.000 садници канабис сатива, односно марихуана, распоредени во 24 реда а просторот беше опремен со системи за наводнување, вентилација, греење и прехранување на растенијата./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, ограбила продавница
Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети, извести МВР.
Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.
„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.