Црна хроника
Лажни азиланти се претставиле како фудбалска екипа
Македонски државјани кои сакале да заминат за Германија и Холандија и да бараат азил во вторникот биле откриени на граничниот премин Табановце, соопштуваат од МВР.
Десетмина лажни азиланти ја минувале државната граница пешки и се претставиле како фудбалска екипа. Дел од нив имале намера да заминат во Германија, а дел во Холандија со цел да бараат економски азил.
Лице од Дизелдорф, Германија им земало по 250 евра и им ветувал азил во западноевропските земји. Во измамата му помогнал и битолчанец.
Измамникот пред три дена од Битола во Куманово превезол дел од азилантите со Мерцедес спринтер и ги сместил да преноќат во негова куќа во Куманово. Се договориле другиот ден да ги превезе до државната граница, да ја минат пеш, а тој со автомобил и нивниот багаж подоцна да ги преземе од српска страна.
Битолчанецот му организирал превоз на негов сограѓанин за во Холандија. Но дојденецот од Германија бил фатен на излез од Македонија додека битолчанецот со уште шест лица, лажни баратели на азил, биле најдени во куќата во Куманово. Против нив е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор“./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.