Црна хроника
Приведена управителката на концесионерот на паркинзите во Охрид
Приведена е управителката на приватната компанија која стопанисува со паркинг просторот во општина Охрид.
Охридската полиција поднесе кривична пријава против управителката, како и против фирмата поради основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности.
Управителката била приведена во четвртокот попладне и била изведена пред истражен судија.
Според полицијата,и покрај тоа што градоначалникот на Охрид ја известил управителката дека општината го раскинува договорот за закуп на паркинг простор со нејзината фирма, сепак фирмата ангажирала вкупно 10 лица како наплаќачи на паркингот, им дале фискални апарати и ги испратиле да наплаќаат на улиците во централното градско подрачје каде бил раскинат договорот.
Со тоа, во четвртокот од 8.30 до 14.30 се стекнале со противправна имотна корист од 11.450 денари, соопшти полицијата.
Претходно во четвртокот, управителката на компанијата која стопанисуваше со паркинг просторот во општината, во изјава за медиумите изјави дека обврските од договорите за закуп на паркинг просторот се почитувани во целост, а заклучокот од советот на општина Охрид, во мај, за раскинување на договорот е донесен врз основа на неточни податоци.
При тоа, таа се пожали дека соработката со локалната самоуправа била на незадоволително ниво, посочувајќи дека локалната не одговорила на ниту едно барање за обележување на хоризонталната сигнализација и паркиралиштата.
Додаде дека од страна на полицијата секојдневно се вршела идентификација и легитимирање и сликање на вработените кои наплаќаат за користење на паркинг просторот, и покрај тоа што како закупци имале валидни договори за закуп на паркинзите./крај/охридњус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.