Црна хроника
Купиле јагне и ракија со лажни евра
Две лица купиле јагне и ракија во светиниколското село Орел, плаќајќи со лажни евра, соопшти полицијата.
Двајцата измамници во петокот купувале и платиле со две банкноти од по 500 евра, а продавачката им вратила кусур од 900 евра во различни апоени.
Лицата и рекле дека ќе се вратат по ракијата и јагнето кои ги платиле, по што заминале и не се вратиле.
Од страна на полицијата Свети Николе од продавачката. со потврда за привремено одземени предмети се одземени две банкноти од 500 евра со ист сериски број.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.