Црна хроника
Кражби низ Куманово – продавачка совладала арамија, па избегал без плен
Неколку разбојништа се случиле во Куманово во саботата вечер, како и ноќта од сабота кон недела, при што биле одземени околу 140 илјади денари.
Продавачката во маркетот „ТСД“ успеала сама да се справи со крадецот кој влегол во дуќанот и и вперил пиштол, барајќи пари. Таа го фатила за рацете, а крадецот успеал да се извлече, испукувајќи еден куршум во таванот и заминувајќи си без плен.
Во истиот град, но овој пат во маркет „Елида“, арамија заканувајќи се пиштол успеал од двете вработени да земе 2.700 денари, по што испукал еден куршум во непознат правец во маркетот и побегнал.
Ноќеска во Куманово, на ул.„3-та М.У.Бригада“, во пекара „Европа“, две маскирани лица и вооружени со пиштол и нож извршиле разбојништво над вработените С.Б.(1971), У.Т.(1988), Б.Д.(1975), сите од Призрен-Р.Косово, и над Р.А.(1988) од Куманово.
Разбојниците им се заканиле и насилно ја отвориле вратата од канцеларијата и од фиоките од работно биро одзеле 100.000 денари и 600 евра, по што избегале.
Во сите случаи полицијата трага по крадците. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.