Црна хроника
Ученици му го запалиле автомобилот на директорот на „Зеф Љуш Марку“ оти не ги пуштил на екскурзија
Ученици од средното училиште „Зеф Љуш Марку“ му го запалиле автомобилот на директорот оти не ги пуштил да одат на екскурзија, соопшти СВР Скопје.
Инцидентот се случил на 16-ти април, кога шестмината средношколци, од кои петмина малолетни, изработиле молотови коктели и се договориле да му го запалат автомобилот на директорот на училиштетот изреволтирани што не биле на списокот за одење на екскурзија.
Се сретнале во непосредна близина на училиштето кај старата железничка станица Скопје-Север и ги подготвиле молотовите коктели.
Потоа отишле кон задниот дел од училишниот двор на паркингот, каде бил паркиран автомобилот „сеат ибица“ на директорот. Еден од нив со чеканче за кршење стакло го скршил прозорецот на задната страна на автомобилот и ги фрлиле молотовите коктели внатре во автомобилот.
Автомобилот целосно изгорел, но ги издало чеканчето, кое го фрлиле во близина на возилото и избегале.
По извршените спорредбени ДНК анализи било констатирано дека трагите од билошко потекло нанесени на рачката на чеканчето потекнуваат на еден од учениците.
Пред полицајците и во присуство на родителите рекле дека го запалиле автомобилот бидејќи директорот одлучил оние деца кои не се примерни и дисциплинирани да не одат на екскурзија, а нив ги немало во списокот.
Малолетниците досега не биле пријавувани во полиција за други кривични дела.Направиле штета од околу 390.000 денари./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.