Контакт

Црна хроника

Кривични пријави против 15 лица за криумчарење мигранти

Објавено пред

Македонската полиција во неделата потврди дека открила организирана криминална група која во подолг временски период вршела криумчарење на мигранти од Грција, преку Македонија во Србија од каде истите понатаму илегално се пренесувани до заподноевропските земји.

dobivaj vesti na viber

Акција под оперативно име „Коридор“ беше спроведена во саботата од страна на Единица за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти при ЦСОСК по повеќемесечна спроведена истрага.Како организатори на криминалната група се идентификувани лицата С.Б. (52), А.И. (36) А.И. (30) сите од с. Лојане – кумановско, В.Д. (32) од Богданци и О.А. (30) од Судан.Тие организирале канал за криумчарење на мигранти преку македонска територија како дел од меѓународна криминална  мрежа за криумчарење на мигранти, соопшти МВР. Во договор со државјанин на некоја од арапските земји, кој престојувал во Грција, од средината на декември минатата година, преку Македонија успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Судан, Сирија и други арапски и африкански земји. Криминалната група наплаќала од 120 до 200 евра по мигрант за транспорт од границата со Грција до Кумановскиот регион, каде мигрантите биле привремено сместувани, и потоа за сума од околу 300 евра по мигрант се вршело нивно илегално префрлање во  Србија. Дел од паричните средства биле наплаќани во готово од мигрантите, а дел од парите преку користење на брз трансвер на пари се префрлани на име на организаторите на криминалната група од с.Лојане, при што истите имаат остварено значителна имотна корист.Криумчарењето на мигрантите, членовите на криминалната група го вршеле на тој начин што НН лицето кое престојува во Грција, заедно со суданскиот државјанин О.А. кој илегално престојува во Македонија, го договарале датумот, терминот и бројот на мигрантите кои илегално требало да бидат пренесени преку македонска територија, по што во соработка со лицата од Лојане како и лицето од Богданци, го договарале, планирале и реализирале прифаќањето, транспортот и временото засолнување.Така, дел од групата предводена од В.Д. имала задача за организирање на прифаќањето на мигрантите во реонот на Богданци и Гевгелија, како и нивниот транспорт кон Куманово (најчесто по магистралниот пат Свети Николе – Куманово. т.н „Нато Петља“ и погодно место на автопатот Скопје – Куманово, во близина на рафинеријата “ОКТА“), од каде што С.Б. А.И. и А.И. вршеле прифаќање на мигрантите и истите ги транспортирале, најчесто кон с.Лојане и с.Ваксинце, и таму времено ги засолнувале. Во наредните денови во договор со членови на криминални групи од Србија, тројцата го организирале илегалното пренесување на мигрантите преку македонско-српската државна граница во близина на с.Лојане во правец на Миратовац, Србија, кадешто мигрантите биле прифаќани од страна на НН лица и транспортирани во правец на Белград, од каде им се организирало натамошното криумчарење кон земјите на ЕУ.За реализација на прифаќањето, превозот и временото засолнување, организаторите на групата С.Б., В.Д., А.И. и А.И. ги ангажирале членовите на криминалната група К.Д. (31), Р.М. (25), И.А. (33) од Богданци; Т.К. (23), Б.П. (21) од  Гевгелија; како и Р.И. (48),  И.И. (19), А.Х. (19) и Ф.А. (22) сите од Куманово, иако во повеќе случаи организаторите и самите непосредно учествувале во нивните “операции“.За транспорт на мигрантите од Гевгелија кон Куманово, најчесто користела ПМВ со такси ознаки на такси компанијата од Гевгелија во сопственост на В.Д. За транспорт, пак, на мигрантите од Куманово кон с.Лојане, криминалната група од липковскиот регион, предводена од С.Б., А.И. и А.И. ги користела своите приватни ПМВ и комби возила.Во извршувањето на криминалните активности на криминалната група било инволвирано и лицето Л.К. (37) од Скопје, вработен во МВР, кој активно ја помагал криминалната група со оддавање на информации за поставеноста на полициските патроли, времето на патролирање, како и со обезбедување на “чист пат“ при транспортот на мигрантите, за што добивал парични средства од страна на организаторот на  група В.Д.За време на спроведувањето на истрагата во два наврата е пресечен транспорт на мигранти во кои биле инволвирани членови од криминалната група. Во рамки на реализацијата на случајот вчера, врз основа на добиена Судска наредба, беа извршени пет претреси во домови во Лојане како и пет претреси на подрачјето на Гевгелија и Богданци. Од извршените претреси пронајдени и одземени се седум патнички моторни возила со кои бил вршен транспортот на мигрантите од Гевгелија до Куманово. Исто така заедно со лицето О.А. од Судан пронајдени се и двајца илегални мигранти по потекло од Судан. Исто така, одземени се и 3380 евра, 30 швајцарски франци, 1720 српски динари и 10 потврди за трансакции на парични средства преку фирми за брз трансвер на  пари.Сите лица, членови на криминалната група инволвирани во криминалните активности на криумчарењето на мигрантите во текот на вчерашниот ден беа предадени пред надлежен истражен судија при основен суд Скопје I Скопје. Поднесена е кривична пријава против организаторите на групата: С.Б., О.А., В.Д., А.И. (36) и А.И. (30), за сторено кривично дело – “организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти“  од член 418-в став 1 од КЗ на РМ и кривични дела – “криумчарење на мигранти“ по член 418-б  став 2 вв став 1 од КЗ на РМ.Исто така кривично пријавени се членовите на групата К.Д., Р.М., И.А. (33) од Богданци; Т.К. и Б.П. од  Гевгелија; Р.И., И.И., А.Х. и Ф.А. сите од с.Лојане., како и полицискиот службеник Л.К. од Скопје.Истражен судија на пријавените веќе им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, а се преземаат натамошни мерки за целосно расветлување на случајот./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје

Објавено пред

Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани

Објавено пред

Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот

Објавено пред

Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион34 минути

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет44 минути

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ51 минута

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија57 минути

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија16 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија17 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија19 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија21 час

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија23 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија24 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет24 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија1 ден

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет1 ден

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија2 дена

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија2 дена

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија2 дена

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија2 дена

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...