Црна хроника
Два случаи на пукање со гасен пиштол
Два случаи на пукање до гасен пиштол регистрирани се во текот на изминатото деноноќие, од кои едниот бил на локален пат во тетовскиот регион, а другиот случај во Свети Николе, соопшти во неделата МВР.
Првиот случај е евидентиран во саботата околу 19,40 часот, додека К.Б.(25) од с.Стримница, тетовско се движел по патот с.Стримница-с.Желино, пред него се движело БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(27) од истото село. Во еден момент, В.А. преку отворениот прозор од возилото испукал неколку куршуми во правец на возилото на К.Б. Лицето В.А. е приведен од полицијата во Групчин и со потврда за привремено одземени предмети, од истиот е одземен гасен пиштол со една рамка и два куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.Вториот случај е евидентиран во неделата изутрина во 00,45 часот во Св.Николе на терасата од угостителскиот објект „Ти Амо“, каде Ј.В.(27) од Св.Николе пукал со гасен пиштол.Од страна на УПС, со потврда за привремено одземени предмети, од Ј.В. е одземен пиштолот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.