Црна хроника
Радовишанец со измама ги направи сограѓаните должници на оператор
Триесет итригодишен жител на Радовиш овластен претставник на еден од телекомуникациските оператори во земјата ја оштетил компанијата и своите сограѓани за 220 илјади денари, за што против него е поднесена кривична пријава/
Споменатиот, идентификуван од полицијата со иницијалите Н.К., како управител на Трговското друштво „МСН“ ДООЕЛ од Радовиш и овластен претставник на телекомуникацискиот оператор „ОНЕ“ Скопје се товари за сторени кривични дела „проневера во службата“, „измама“ и „фалсификување исправа“.
Тој во периодот од јули 2010 до март 2013 година, во повеќе наврати како овластен претставник на компанијата „ОНЕ“ со којашто имал склучено договор за наплата на сметки, довел во заблуда повеќе граѓани, вршејќи наплата на сметките во готовина, а на граѓаните им издавал потврди дека немаат долг кон „ОНЕ“, додека парите од наплатата не ги уплаќал за тие намени, со што придонел корисниците иако ги имале платено сметките да се водат како должници во „ОНЕ“ и да бидат исклучувани од телекомуникациските услуги.
По ова во компјутерскиот програм на фактурите внесувал фалсификувани жигови од пошта за извршената уплата и истите ги доставувал по електронска пошта до вентралата на „ОНЕ“ во Скопје сакајќи да прикаже дека се платени услугите.
Исто така, и дел од опремата сопственост на „ОНЕ“, како ресивер за ТВ БООМ, модем за интернет и апарати за фискална телефонија, кои биле давани на реверс, уредно ја раздолжувал од претплатниците со издавање соодветно барање за раскинување на договорот и потврда за вратена опрема, меѓутоа документацијата не ја проследувал до службите на „ОНЕ“ Телекомуникации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.