Контакт

Црна хроника

Нови обвинети за криумчарење мигранти

Објавено пред

За уште една група составена од шест лица од Скопје, поднесени се кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од кои еден малолетник, како и против еден прилепчанец и уште едно лице со двојно македонски и албанско државјанство поради сомнение се занимавале со криумчарње мирганти од земјите од Блискиот исток и северна Африка кои имале желба да заминат за западноевропските земји.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај на 13-ти јуни месец околу 3 утрината на автопатот Е-75 кај клучката Прдејци во општина Гевгелија, поточно кај исклучок кон селото Негорци, еден член од скопската група со автомобил „ сеат толедо“ со скопски регистарски таблички прифатил за превоз седум возрасни мигранти и едно малолетно дете коишто нелегално влегле во Македонија од Грција. Додека, пак, со возило „опел астра“, исто така, со скопски регистарски ознаки, другите двајца од групата го надгледувале автопатот поради избегнување на полициска контрола, односно биле во улога на претходница.

Имено, кога пријавените дошле во близина на селото Прдејци, непосредно пред свртувањето кон селото Негорци, „сеатот“ се исклучил од автопатот Е-75 упатувајќи се кон Негорци каде што била земена група од нелегални мигранти, пет државјани на Алжир, еден на Мароко и двајца сириски државјани.

По претходно преземени оперативно тактички мерки за набљудување и следење на движењето на сомнителните возила од страна на полициски службеници од одделот на пограничниот премин Богородица биле забележани споменатите возила како во повеќе наврати се движеле на делницата од автопатот Е-75 од Смоквица до Прдејци и обратно, по што од страна на полициски службеници во 03,20 часот на 13-ти јуни при обидот да биде контролирано возилото со кое управувал С.С. на магистралниот пат Гевгелија-Скопје на оддалеченост од околу 500 метри пред паркингот кај скршнување кон селото Милетково со истиот го напуштил возилото и се дал во бегство, оставајќи ги мигрантите од кои дел се пронајдени во возилото а дел се приведени дополнително.

Со пријавените се извршени разговори и тоа со првопријавениот во присуство на социјален работник од центарот во Гевгелија затоа што по кажување на самиот е малолетен и не е внесен во единствениот систем на матична евиденција на граѓани во Македонија.

Возилата се одземени, а на тројцата скопјани од страна на Истражен судија им е дредена мерка притвор во траење од по 30 дена. Мигрантите, пак, се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во вториот случај, според документираните сознанија на истрагата веќе следниот ден на 14-ти јуни, други тројца скопјани по претходен меѓусебен договор за превезување помала група мигранти од Скопје дошле во Гевгелија каде во близина на село Богородица преземале четворица авганистански мигранти, кои се пронајдени во автомобил „мазда“ со битолски регистарски таблички. Третопријавениот во овој случај со автомобил „мазда 626“ со скопски регистарски таблички го проверувал автопатот поради избегнување полициска контрола. Турата ја договорило едно лице од групата со засега неидентификувано лице од Куманово и требало да ги преземат мигрантите од Богородица и да ги пренесат до Скопје.

Во Гевгелија стигнале околу пладне минатиот четврток, а потоа се упатиле кон селото Богородица, по што телефонски контактирале со непознатиот кумановец кој им рекол да чекаат натамошни инструкции, и тие чекале пред селската продавница, кога за кратко време им пришол црно момче со куса и потоа сите тргнале кон излезот на селото, а еден од нив останал пред селската продавница.

Во близина на каналот од големите трски излегле четири лица мигранти од Авганистан, кои ги ставиле патните торби во багажникот и се сместиле на задното седиште од возилото. За услугата веднаш им наплатиле по 100 евра од човек или вкупно 400 евра и и потоа стапиле во контакт со својот соработник кажувајќи му каде ќе го пречекаат и по споредни патишта излегле на регионалниот пат Гевгелија Скопје-Е 75 тргнувајќи кон Скопје.

Еден од нив и во овој случај возел како претходница, а зад него второто возило со мигранитете, а биле во постојан телефонски контакт Околу 19,15 часот од страна на полициски службеници од полицијата во Демир Капија кај местото Арсова Лака при рутинска контрола двете возила биле запрени, а мигрантите почнале да бегаат кон блискиот рид, но биле фатени и приведени во полицијата во Богородица.

Пријавените се лишени од слобода и Истражен судија од Основен суд 1 Скопје на тројцата им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека лицата мигрантите се сместени во Прифатен центар во Скопје.

Во континуираните акции на македонската полиција против извршителите на организираното нелегално превезување на странски мигранти преку територијата на Македонија, поднесени се кривични пријави за дело криумчарење мигранти против 38-годишник со двојно државјанство, на Македонија и на Албанија, и 33-годишник од Прилеп.

Двајцата во неделата, 16-ти јуни, 7 часот наутро, во близина на селото Полчиште прилепско, со патничко возило за паричен надомест од 130 евра прифатиле албански државјанин, кој претходно илегално влегол во Македонија од Грција, и го однеле во близина на граничниот премин „Ќафасан“, од каде тој пеш илегално заминал во Албанија. За околу еден час, албанскиот државјанин повторно илегално влегол во Македонија заедно со уште еден албански државјанин, од каде биле преземени до двајцата сега пријаени, а откако пристигнале во Прилеп, имале намера со такси возило илегално да заминат повторно во Грција. Истражен судија на двајцата им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Македонската полиција во неделата потврди дека открила организирана криминална група која во подолг временски период вршела криумчарење мигранти од Грција, преку Македонија во Србија од каде истите понатаму илегално се пренесувани до заподноевропските земји./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија2 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија3 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија4 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија6 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ7 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија7 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија7 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија10 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет10 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет10 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија11 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион11 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет11 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет11 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...