Црна хроника
Снаа фрлала со камења кон свекрвата, ја погодила 3-годишната ќерка
Снаа мавала со камења и ќерамиди кон свекрвата во месноста Ѓумушница во Прилеп, но наместо неа ја погодила својата тригодишна ќерка во главата, соопшти МВР.
Расправијата се случила во средата во 9 часот во викендица сопственост на 62-годишната свекрва.
Снаата за син и свекрвата почнале да се расправаат, а 32-годишната снаа зела камења и ќерамиди и мавала кон свекрвата.
Но наместо да ја погоди неа, со бекатонска плочка ја погодила нејзината тригодишна ќерка во главата.
Девојчето било пренесено во прилепската болница, но поради сериозноста на повредите било пренесено во Ургентниот центар./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.