Црна хроника
Според најновите податоци 16 загинати во несреќата во Црна Гора
Според најновите податоци од Клиничкиот центар во Подгорица, 16 патници загинале а 31 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи во неделата околу 17 часот во Црна Горан на магистралниот пат Подгорица – Колашин, кога во кањонот на реката Морача слета автобус со романси туристи, потврди рано утрото црногорскиот министер за здравство Миодраг Радуновиќ.
Додал дека осум од повредените се наоѓаат на одделот за интензивна нега, дека се во тешка состојба и оти се загрозени нивните животи. Во болницата во Подгорица се примени вкупно 30 повредени, изјавил директорот на болницата, додавајќи дека меѓу повредените е и едно дете со полесни повреди.
Настраданите во текот на ноќта ги посети црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и амбасадорот на Романија во Црна Гора, Михаил Флорович, кој потврдил дека сите 46 патници во автобусот биле романски државјани коишто преку романска туристичка агенција патувале на одмор во Будва.
Истрагата за несреќата сé уште трае, а според првичните информации, автобусот се движел од правецот на Колашин и околу 17 часот излегувајќи од тунел по влажен коловоз на почетокот од мостот Грло кај манастирот Морача ја пробил заштитната ограда и се урнал во провалијата на околу 30 до 40 метри од патот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.