Црна хроника
Берберот на браќата Исмаиловиќ тврди дека тие никогаш немале бради
Oд тројцата сведоци предвидени, во судницата се појавија двајца, берберот на обвинетите браќа Исмаиловиќ и земјоделецот кој ја обработувал нивата на обвинетиот Фејзи Азири којашто се наоѓа крај Смилковци, во периодот кога се случи петкратното убиство,во случајот „Монструм“.
Берберот тврди дека последниве шест години браќата никогаш не носеле бради, а земјоделецот раскажа дека дента на убиство не видел никој од обвинетите крај езерото, не слушнал никакво пукање, иако бил на оддалеченост само од 150 метри воздушна линија, пренесе порталот Академик.
Првиот сведок, Рамадин Мурати, земјоделец кој шест години му ги обработувал нивите на обвинетиот Фејзи Азири, на судот му раскажа за неговото движење дента кога се случи петкратното убиство. Сведокот опиша дека нивата на која садел бостан, се наоѓа на растојание од 300 метри по пат и 150 метри воздушна линија со местото каде се случи убиството.
Според неговите зборови, дента заедно со работници се задржале до 19 часот на нивата, не ги видел момчињата, ниту некој од обвинетите да се движат околу езерото
Откако заедно со работници завршиле со работа на нивата, се упатил нив да ги разнесе по дома. Единствено нешто што му оставило впечаток тој ден, раскажа дека е жолт чамец што се движел во езеро преку целиот ден. Посочи дека вообичаено, како и другите денови, на езерото доаѓале рибари од македонска, албанска и ромска националност, а токму обвинетиот Фејзи Азири уште во 2006 година самиот го направил земјениот пат, кој им служи на рибарите да дојдат до езерото.
Вторникот сведок Мухамед Арифи, берберот на обвинетите браќа Агим и Африм Исмаиловиќ. пред судскиот совет тврдеше дека обвинетиот Агим последниве шест години редовно го потстрижувал, а понекогаш и неговиот брат Африм. Рече дека никогаш откако ги познава браќата, не носеле брада, и дека покрај потсрижувањето тој им ги бричел и брадите.
По завршувањето на рочиштето, адвокатот Насер Рауфи даде појаснување во врска со исказите на сведоците предложени од негова страна.
„Сведокот тврдеше дека од 2 април 2012 година, па натаму, секој ден работел на нивата, нас ни претставија круцијален сведок, бидејќи нивата каде работел е на 150 метри воздушна линија, и тој можел да види дента што се случувало на езерото. Сведокот потврди дека тој период воопшто го нема видено обвинетиот Фејзи Азири. Другиот сведок сведочеше на околност на докази кои се прибавени со посебни истражни мерки“, изјави пред судот адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.
Судењето продолжува утре, со сослушување на сведоци предложени од одбраната.
Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири се обвинети за тероризам, според обвинителството тие на 12-ти април 2012 година во очи Велигден со цел да влеат страв кај македонското население и да се загрози безбедноста на земјата, кај Смилковското езеро.
Обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои беа во бегство, се наоѓаат во притвор на Косово поради нелегално поседување на оружје, моментно се чека на нивната екстрадиција – им се суди во отсуство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.