Црна хроника
Малолетник го прободел таткото бранејќи ја мајката
Во петокот, петнаесетгодишниот син, бранејќи ја својата мајка го прободел таткото, соопшти МВР.
Имено, во ептокот околу 21 часот во село Сушица, струмичко, додека Д.С.(33) се наоѓала во кујната, влегол нејзиниот сопруг Н.С.(39) и започнал да ја навредува и да и се заканува со физички напад.
Во исто време, во кујната се наоѓал и нивниот малолетен син Т.С.(15), кој кога видел дека неговата мајка е во опасност (нешто што се случувало честопати и е документирано во СВР Струмица) се обидел да ја заштити така што застанал пред неа.
Н.С. револтиран од неговата постапка, со тупаница го удрил по лицето, а Т.С. исплашен за својата безбедност и безбедноста на својата мајка зел еден нож, замавнал со истиот и го повредил Н.С. во пределот на стомакот.
Истиот е пренесен во Медицински центар Струмица, каде што му била констатирана тешка телесна повреда, убодна рана во пределот на стомакот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.