Црна хроника
Украдени три лап топ компјутери и злато во Волково
Крадец се здобил со противправна имотна корист од околу пет илјади евра, откако од куќа во Волково украл злато и лап топ.
Имено, ноќта меѓу петокот и саботата во село Волково -скопско, во куќа сопственост на З.Р.(36) непознат сторител влегол во куќата и извршил кражба.
Крадецот влегол преку прозорецот кој бил оставен на кипање, ја фатил рачката за отварање од внатрешна страна и го отворил прозорецот, влегол внатре и одзел три лап-топ компјутери и златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.