Црна хроника
Приврзаник на Вранишковски со клетви кон новинарите

Судењето на кое треба да се соопшти за случајот „Расколник“ во којшто е обвинет расчинетиот владика Јован Вранишковски и уште 18 негови приврзаници и роднини започна тензично со клетви и навреди кон новинарите.
Давид Нинов, еден од обвинетите приврзаник на Православната Охридска Архиепископија ПОА, додека судиите одлучуваа во врска со предлог на адвокатот на обвинетите, се заврте кон новинарите и ги нарече платеници, затоа што не го следеле процесот за Вранишковски, а тоа го покажувале и извештаите на Фридом хаус.
„Ако сум јас крив за тоа што ме товарат, јас да умрам. Ако не вам најмилото да ви умрe“, им рече Нинов на новинарите, јави репортерот на Макфакс.
Судијата место да соопшти пресуда, го врати процесот на доказна постапка и сослушуваше сведок кој тврдеше дека му бил сосед на Вранишковски во Нерези и дека имале спор околу плацовите со кои се граничеле. Тврдеше дека 500 метри квадратни од неговото лозје уништил Вранишковски и побара од него земјата да биде вратена во првобитна состојба.
Токму овој сведок ги изреволтира и ги изнервира обвинетите. Според нив, тој би лажен, а одлуките на судот не ги носел судијата туку некој друг.
Адвокатот на обвинетите, Александар Тортевски, рече дека од лични и морални причини го откажува полномошното бидејќи, како што рече, не сака да учествува во наместен процес.
Вранишковски тврдеше дека не го знаел сведокот, за кој рече дека бил лажен.
„Судијата не е виновен, судијата ќе игра како ќе му свират, јас се жртвувам за црквата“, рече Вранишковски, кој додаде дека судот нема никакви докази за случајот за којшто ги товари. Според него, сведокот не знаел да каже ниту кога точно се сретнале, а неговата мајка, која исто така е обвинета во случајот, рече дека најверојатно тоа е човек кој е собран од улица и на кој му дале пари да сведочи против нив.
Сепак судијата за во 11.30 закажа пресуда за случајот./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Малолетничко насилство во училиштен двор: натепани двајца тинејџери

Двајца малолетници биле физички нападнати во двор на средно училиште во скопската населба Карпош.
Како што информираа од МВР, утрово во станица биле повикани А.З.(18) и уште тројца малолетници, сите од Сингелиќ, скопско, кои се осомниечни за нападот.
Со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Илегално влегол во земјата и дал лажен исказ: пронајден француски државјанин, кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа С. И. (21) од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат.
Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.
Но, по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, на 27.9.2023 е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С. И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11.3.2023.
Во согласност со законските регулативи лицето ќе биде предадено на семејството.
Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на автопатот А1 кај Гевгелија, го лишија од слобода И. М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“, со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.