Црна хроника
Двајца велешани го згрешиле возот за Гевгелија, па скокнале од него
Двајца велешани го згрешиле возот за Гевгелија, па кога сфатиле скокнале од возот и се повредиле, соопшти МВР.
Четириесет ичетиригодишниот и дваесет иедногододишниот велешанец во вторникот околу 6.30 часот отишле на железничката станица во Велес за да го фатат возот за Гевгелија. Но наместо во возот кој сообраќал Скопје – Гевгелија, тие се качиле во возот кој одел од Гевгелија кон Скопје.
На околу 150 метри од Велес сфатиле дека го згрешиле возот и скокнале. Поради тешките повреди со коишто се здобиле пренесени се на скопскиот клинички центар./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.