Црна хроника
Остатоци од жена исчезната пред 28 години најдени во ѕид
Посмртните останки на учителка од Њујорк која исчезнала пред речиси 28 години најдени се и сокриени во лажен подрумски ѕид во куќа во којашто живеела со нејзиниот сопруг, соопшти њујоршката полиција.
Џоан Николс имала 55 години кога нејзиниот сопруг Џејмс го пријавил нејзиното исчезнување во 1985 година во полицијата во Пугкипси во Њујорк. Сопругот починал од природна смрт во декември минатата 2012 година.
Посмртните останки се пронајдени при расчистување на нивната куќа во местото стотина километри северно од Њујорк, а била идентификувана со помош картонот кај нејзиниот стоматолог.
Џејмс Биколс изјавил своевремено на детективите дека последен пат ја видел сопругата кога заминувал на работа во компанијата IBM во декември 1985 година.
Телото на починатата жена било завиткано во платно и во пластична вреќа, врзана со коноп и ставено во пластична кутија која била пронајдена во лажниот ѕид, изјави за Reuters патологот Кари Рејбер.
Аутопсијата покажала дека станува збор за убиство и дека Џоан добила силен удар во главата од кој починала.
Полицијата наведува дека од нејзиното исчезнување сопругот Џејмс Николс бил на списокот осомничени. Двојката имала едно дете коешто се удавило на возраст од 25 години, три години пред исчезнувањето на Џоан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.