Црна хроника
Пијан гевгеличанец нападнал судски доставувач оти му дал покана за на суд
Пијан жител на гевгелиското село Стојаково нападнал судски доставувач оти пред претходно му донел покана за на суд, а потоа нападнал и полицаец, соопшти МВР.
Инцидентот се случил минатата недела, а сега е поднесена кривична пријава против гевгеличанецот за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.
Дваесет и четиригодишниот жител на Стојаково додека седел и пиел пред продавница во селото, го видел судскиот доставувач и изнервиран оти претходно му донел покана за на суд почнал да го удира со тупаници во главата.
На местото на инцидентот пристигнале полицајци, а момчето му се спротивставувало на полицаецот којшто сакал да го приведе, му се заканувал дека ќе го убие него и неговото семејство.
Истражен судија му одредил осумдневен притвор./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.