Црна хроника
Соседска тепачка во Тетово, издишани гуми на автомобил, искршена влезна врата
Тепачка меѓу соседи се случила синоќа во Тетово, откако тетовец му ги избушил гумите од автомобилот на соседот, соопшти МВР.
Триесет и едногодишниот тетовец кој бил пијан ги избушил гумите од автомобилот „ауди“на соседот, којшто бил паркиран пред неговата куќа.
Кога виделе дека им се избушени гумите таткото и двајцата синови чиешто било „аудито“, отишле кај соседот кој ги избушил, го скршиле стаклото од влезната врата и почнале да се тепаат со клоци и тупаници со соседот.
Еден од синовите и соседот се здобиле со отоци и гребнатини. Сите се приведени и против нив ќе следуваат пријави./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.