Црна хроника
314 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 314 возачи.
Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица, за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал ученичката и ѝ праќал пораки на Фејсбук со што сакал да ја наведе на сексуален однос.
Пријавениот, наставник во основно училиште во струмичко, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.
На 20.05.2022, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил приведен во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник во Сарај кога моторно возило удрило во него

Вчера, во 11.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во с. Кондово, општина Сарај, патничко моторно возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. Ф. (52) од с. Радуша, општина Сарај, удрило во малолетник од с. Кондово.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Црна хроника
„Фиат“ удри пешак во Струга, лицето добило тешки телесни повреди

Синоќа, околу 16.30 часот, во ОВР Струга било пријавено дека на улицата Владо Малески, патничко моторно возило „фиат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р. В. (21) од с. Велешта, Струшко, удрило во Љ. Н. (72) од Прилеп.
Во несреќата тешки телесни повреди добила Љ. Н., констатирана во Општа болница Струга.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.