Црна хроника
Две и две ипол години затвор за Демири и за Исмаиловиќ во Приштина
Првообвинетите во случајот „Монструм“, Африм Исмалиовиќ и Алил Демири, беа осудени во приштинскиот суд на две и на две ипол години затвор за нелегално поседување на оружје.
Дали и кога ќе бидат испорачани косовските власти ќе одговорат дури откако целосно ќе заврши судењето во Приштина, а доколку има жалби на денешната пресуда ќе поминат најмалку неколку месеци додека да стане правосилна со што неизвесно е кога би се случила екстрадицијата. Нивните адвокати најавија жалба.
Одбраната на Демири и Исмаиловиќ на судењето за оружјето рече дека тие не биле виновни за процесот кој се води против нив во Македонија за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, јави Канал 5.
Во меѓувреме, како што јави репортерот на „Макфакс“ од Основниот суд во Скопје, каде продолжи судењето за другите обвинети во „Монструм“, во петок пред судот сведочеле вешти лица од МВР.
Според нивните вештачења, една чаура од пукањето во кое учествувал обвинетиот Фејзи Азири на фармата во селото Белимбегово во 2009 година се совпаѓала со 11 чаури што биле најдени на местото на петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
Според вештите лица, чаурите биле испукани од автоматска пушка, која се користела и во убиството.
Но, одбраната на обвинетите изрази сомнеж за ова вештачење бидејќи не се пронајдени ниту зрната, ниту пак оружјето со кое биле испалени чарите што се совпаѓаат.
Тие побараа да се направи вештачење во друга странска институција, јави репортерот на „Макфакс“./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.