Црна хроника
Одбраната бара вештачење во странство за „Монструм“
Во Основниот суд во Скопје, во петок продолжи судењето за другите обвинети во „Монструм“, каде пред судот сведочеа вешти лица од МВР, јави репортерот на „Макфакс“.
Според нивните вештачења, една чаура од пукањето во кое учествувал обвинетиот Фејзи Азири на фармата во селото Белимбегово во 2009 година се совпаѓала со 11 чаури што биле најдени на местото на петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
Според вештите лица, чаурите биле испукани од автоматска пушка, која се користела и во убиството.Но, одбраната на обвинетите изрази сомнеж за ова вештачење бидејќи не се пронајдени ниту зрната, ниту пак оружјето со кое биле испалени чарите што се совпаѓаат.
Тие побараа да се направи вештачење во друга странска институција, јави репортерот на „Макфакс“.
Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири се обвинети за тероризам, а според обвинителството тие на 12-ти април 2012 година во очи Велигден со цел да влеат страв кај македонското население и да се загрози безбедноста на земјата, кај Смилковското езеро убија петмина.
Обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои беа во бегство, се наоѓаат во притвор на Косово поради нелегално поседување на оружје, и се чека на нивната екстрадиција.
Во петок тие беа осудени од приштинскиот суд на две односно две и пол години затвор./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.