Црна хроника
Бошкоски доби 12 години затвор за „Ровер“
Со извици „Платенику! Хохштаплери, бандо криминална…Ќе седнеш ти на моето место! Ме осудивте без ниту еден доказ!“, Љубе Бошкоски ја прими пресудата со којашто е осуден на 12 години затвор за помагање во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев.
Шефот на неговото обезбедување Зоран Трајковски доби десет години затвор исто така за помагање во нарачаното убиство.
Првите четворица обвинети за убиството, српските државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се осудени на доживотен затвор. Според судот, ним ги изнајмил Орце Коруновски и за пари ги убиле и Тушевски и Јанев. Коруновски сакал да се ослободи од Тушевски бидејќи му бил конкуренција во матните бизнис.
Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по осум години затвор за помагање, а Ристиќ за криење на пиштолот со кој биле убиени Тушевски и Јанев. Полициските началници Никола Негриевски и Гоце Митровски се осудени на по шест години, а обвинението е повлечено за Милан Спасовски, Едвард Фишер, Благоја Димитриевски и Горан Петровски и Бранислава Стојчвески.
Судијата Илија Трпков пред да ја соопшти, пресудата ја образложуваше половина час и рече дека му било тешко да го работи овој случај, но го сработил законски и транспарентно.
Во судницата имаше голем број роднини и пријатели на обвинетите кои викаа по судијата, а пресудите ги дочекаа со плачење.
Од судницата извиците се префрлија надвор, кога излезе обвинителката Лидија Раиќевиќ-Вучкова.
„Јас побарав од судот да донесе праведна пресуда, дали тоа е сторено, дали оваа пресуда јавноста ќе ја доживее како праведна и оние на кои што се однесува, останува да провериме во повисоката инстанца и да ја коментираме по правосилноста“ рече обвинителката.
Бошкоски се товари дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на подоцна исто така, ликвидираниот во криминална пресметка Орце Коруновски да нарача убиство за Марјан Тушевски.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство.
Бошкоски во затворот „Идризово“ ја издржува петгодишната затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.