Црна хроника
Двајца убиени во пукање во Сан Франциско
Две лице се убиени за што е осомничен еден маж во пукањето во трговски центар во американската метропола Сан Франциско во петокот попладне (ноќта кон сабота по македонско време), јави локалниот канал KTVU, повикувајќи се на полицијата.
Полицијата одговорила за брзо време на пријавата дека се слушаат истрели, изјавил портпаролот на полицијата во Сан Франциско, Алби Еспарза. Додал дека полициската патрола наишла на маж осомничен за пукањето облеан со крв кој пукал во полицајците.
Осомничениот потоа се дал во бегство, но на крајот се предал и се наоѓа во притвор, додал Еспарза.
Властите откриле тела на две застрелани лица во фоајето на трговскиот комплекс The GiftCenter & JewelryMart, во кој се наоѓаат продавници за подароци и за накит, но полицијата не може да потврди дали убиствата се поврзани со грабеж во комплексот.
Полицискиот портпарол додал и дека нема повредени полицајци, како и дека тие не возвратиле на истрелите од осомничениот, чиј идентитет не е соопштен. Друг тим на полициски специјалци се во потрага на моќен втор осомничен за нападот.
Улицата на којашто се наоѓа трговскиот центар била блокирана цел час, а за тоа време, како што рекле сопствениците на дуќани во близината, им било кажано да останат засолнати за време на истрагата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.