Црна хроника
Обвинение од речиси илјада точки против монструмот од Кливленд
Против поранешниот возач на училишен автобус од американскиот град Кливленд, 52-годишниот Ариел Кастро, подигнато е обвинение со вкупно 977 точки поради грабнување и десетгодишно заточеништво на три млади жени, ослободени пред два месеца, пренесува Reuters повикувајќи се на изјавата на јавниот обвинител.
Кривичните дела од обвинението датираат од август 2002 година, кога Ариел Кастро е обвинет за грабнување на една од трите жени, па до мај 2013 година кога една од заточение жени успеа да побегне.
Американските власти, меѓу другото, го обвинија Кастро за грабнување и силување на три жени, 27-годишната Аманда Бери, 23-годишната Џина ДеХезус и 32-годишната Мишел Најт, како и за грабнување на девојченцето коишто Аманда ги родила во заточеништво Анализата на ДНК покажала дека Кастро е татко на девојчето. Трите девојки биле грабнати во периодот од 2002 до 2004 година. Според нивните искази, од куќата не излегле последните десет години и не се наоѓале во иста просторија но знаеле една за друга.
Полицијата соопшти дека во куќата биле пронајдени синџири и јажиња со коишто жртвите биле врзувани, како и дека не се пронајдени човечки останки. Истражителите од куќата на Кастро изнеле повеќе од двесте разни докази. Сега 32-годишната Мишел Најт дала изјава во полицијата дека била бремена најмалку пет пати, како и дека Кастро ја изгладнувал и претепувал додека не абортирала.
Кастро на почетокот од јули бараше од судот да му се дозволи во затворот да го посетува шестгодишната ќерка, но судијата го одби тоа барање, објаснувајќи дека е целосно неприфатливо./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.