Црна хроника
Уапсени учесниците во грабежот на сеф со половина милион евра од стан во Црниче
Полицијата уапси четири лица кои пред неполн месец од стан на улица Павел Шатев(поранешна Бихаќка) украле сеф во кој имало повеќе од половина милион евра.
Кражбата се случила во периодот меѓу 21 до 23 јуни, кога арамиите со помош на скали успеале насилно да отворат еден од прозорците на станот и да влезат внатре. Таму го нашле сефот и со помош на количка го изнеле преку главната врата, а потоа го натовариле во автомобил и побегнале.
Полицијата соопшти дека во сефот имало 500.000 евра, 50.000 долари, разновиден златен накит и документи.
Уапсените засега не откриваат каде се парите и накитот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.