Црна хроника
Лажна дојава за бомба во „Рамстор“
Во вторникот била примена дојава за поставена бомба во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје, поради што бил евакуиран.
Како што соопшти полицијата, околу 20.50 часот на телефонскиот број на инфо центарот на „Рамстор“ маркетот во Скопје, се јавило засега непознато машко лице и кажало дека во објектот има подметнато експлозивна направа.
За настанот е известен Одделот за антитероризам, кој по извршената проверка на објектот констатирале дека се работи за лажна пријава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.