Црна хроника
Се обидел да силува девојка со душевно заостанат развој
Во четвртокот, маж од селото Градско Балдовци, струмичко, се обидел да силува душевно заостаната соселанка, јави МВР.
Имено, околу 17 часот во куќата на Џ.Ѓ.(1975), тој извршил обљуба над С.Ц.(1985), лице со заостанат душевен развој.
Тие се сретнале во продавницата во селото, каде осомничениот ја замолил да дојде кај него дома и да му помогне околу средување на куќата, на што таа се согласила.
Откако влегле во куќата, тој ја затворил вратата и зел нож со кој почнал да и се заканува дека ќе ја убие доколку со него нема сексуални односи, почнал насилно да ја соблекува и ја допирал во пределот на градите и телото.
Потоа и самиот се соблекол и се обидел да има сексуални односи со истата, но таа давала отпор и викала за помош.
Во тој момент во куќата влегол нејзиниот брат и откако Џ.Ѓ. го забележал, избегал.
Екипа од СВР-Струмица излегла на лице место и ножот е подигнат. Над оштетената е извршен гинеколошки преглед и се превземаат мерки за пронаоѓање на осомничениот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.