Црна хроника
Филмско бегство на член на групата „Пинк Пантер“од затвор во Швајцарија
Член од познатата банда „Пинк Пантер“ во четврток вечер побегнал од затвор во Швајцарија со помош на други две лица, кои ја урнале заштитната ограда и отвориле рафална стрелба врз чуварите.
Побегнатиот е Милан Попариќ, член на бандата крадци на скапоцености, позната како „Пинк Пантер“, инаку државјанин на БиХ.
Тој во 2009 година беше осуден на речиси седум години затвор заради грабеж на продавница со скапоцености, а со своето бегство стана трет во низата „пантери“ кои од мај оваа година успеаја да побегнат од затвор.
Побегнал заедно со швајцарски државјанин, осуден за киднапирање, палеж и перење пари, во времето кога се наоѓал во затворскиот двор, кога неговите помагачи со комбе удриле во заштитната ограда. Стражарите потоа се нашле ппод постојан рафален оган, но за среќа не биле повредени. По бегалците е покрената потера.
Инаку бандата крадци на скапоцености го добила името „Пинк Пантер“ откако британските полицајци пронашле украден дијамантски прстен во шишенце со крем за лице, исто како во филмот „Пинк Пантер“ од 1963 година.
Мнозинството припадници на бандата се од Балканот. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.