Црна хроника
Вредноста на украдениот накит во Кан 136 милиони долари
Вредноста на дијамантите и накитот украден во недела од една изложба во хотелот Карлтон во Кан изнесува дури 136 милиони долари(околу 103 милиони евра) што е речиси трипати повеќе од првичната проценка.
Вредноста на накитот првично беше проценета на 40 милиони евра, но државниот обвинител на Франција во понеделник објави нови податоци.
Грабежот се случи во недела во хотелот Карлтон во Кан, кога арамијата го грабнал ковчежето со накит и побегнал.
Медиумите јавија дека изложбата на накит ја организирала фирмата Левиев.
Во разговор за АП, полицијата изјави дека грабежот го извршило едно лице, а постои сомневање дека тоа го направил Босанецот Милан Попариќ, член на криминалната група Пинк Пантер, кој пред неколку дена побегна од затвор во Швајцарија.
Попариќ, кој отслужуваше затворска казна од речиси седум години заради грабеж на една златарница во 2009 година, е трет член на Пинк Пантер што побегна од затвор во Швајцарија од мај.
Мнозинствфото членови на оваа група се од Балканот, а станаа познати по кражбите на драгоцености ширум светот.
За време на Канскиот филмски фестивал во мај крадците украле накит вреден 1,4 милиони долари, потсетува агенцијата Франс прес.
Арамиите упаднале во хотелската соба на Американска вработена во швајцарската компанија Chopard и го однеле сефот. /крај/кл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.