Црна хроника
Во Црн Дрим се удави 23-годишно момче од кичевско
Во вторник претпладне, околу 11 часот во реката Црн Дрим во Струга се удави 23- годишно момче од селото Пласница, кичевско.
Како што информираат од СВР Охрид, момчето скокнало од Мостот на поезијата , а по 50 метри почнало да дава знаци на давење и да бара помош, јави OhridNews.
Неколку лица кои биле во близина се обиделе да му помогнат, но не успеале.
Во тек е увид на местото на несреќата, а во текот на денот се очекува да биде извршена обдукција на телото./крај/о/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.