Црна хроника
Седум тинејџери осомничени за инцидентот во Ново Лисиче
Министерството за внатрешни работи во вторникот попладне соопшти дека го расчистила инцидентот од неделата, кога едно момче од албанска националност беше претепано во Ново Лисиче.
За нападот се осомничени седум тинејџери на возраст од 14 до 18 години, против кои ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Во неделата, во раните утрински часови беше претепан И.Ј.(1995) од Скопје, кој од силината на ударите се онесвестил, по што е пренесен во болница, каде му била констатирана тешка телесна повреда во вид на скршеница на долната вилица и набиеници на главата.Пред да се случи нападот, И.Ј седел во друштво на уште две момчиња и три девојки, кога. во два наврати им се приближило машко лице кое го прашувало каде живее, при што И.Ј. во два наврати одговорил дека живее на локации од подрачјето на општината Аеродром, па дури потоа кажал дека живее во населбата Чаир.По извесно време на местото каде се наоѓал пријавителот, по негово кажување, се собрале повеќе машки лица кои почнале да ги напаѓаат него и другите лица кои биле со него, поради што неговите другари се разбегале а пријавителот од ударите се онесвестил.По превземените оперативни мерки и извршените службени разговори, утврдено е дека на горенаведениот датум на пријавителот и петмината кои го придружувале, им пришле малолетниот Б.Л.(14), кој ги прашувал од каде се и откако утврдил, заминал, по што телефонски контактирал со А.М.(16) и заедно ги повикале Д.В.(15), В.Х.(14), М.И.(15), М.Ј.(18) и Б.Б.(15), по што седуммината заедно заминале на местото каде претходно се наоѓал пријавителот. При самото приближување кон местото, новоформираната група била забележана од пријавителот и другите со него, по што трите женски лица набрзина се оддалечиле, додека С.И. со еден удар со рака бил удрен од страна на Б.Л., а И.Ј. со повеќе удари бил нападнат од групата. Со еден до два удари бил удрен и Р.И. кој бил во групата на нападнатите, по што напаѓачите го напуштиле местото. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.