Црна хроника
Во тешка сообраќајка загина 20-годишен тетовец
Младо момче изгубило контрола над автомобилот во близина на тетово, при што се превртел и загинал, јавува МВР
Според првични информации, несреќата се случила вчера околу 16 часот, во местото викано Шипковачко теќе.
Дваесетгодишниот Б.И. изгубил контрола над автомобилот „опел тигра“, додека се движел по земјен пат, по што излетал од патот и паднал во провалија длабока 30-40 метри.
При падот, застанал на покривот на дел од џамијата, а потоа паднал долу.
Мештаните се обиделе да му помогнат, но младиот возач од тетовско Селце не давал знаци на живот.
Очевидци за тетовската полиција кажале дека бил со повреди по телото и на главата.
Тетовската полиција работи на откривање на причините за несреќата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.