Црна хроника
Гевгелија: Кривична пријава против стечаен управник, извршен судија и службеник во Катастар
Кривична пријава против стечаен управник, извршен судија и службено лице во Агенцијата за катастар поднесе полицијата од Гевгелија поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што соопшти во понеделникот МВР, Д.Д. (55), стечаен управник на АД „Пиперана“ во стечај Гевгелија, М.Т. (68) извршен судија во Основен суд Гевгелија и Д.Ќ. (53) службено лице во Агенција за катастар за недвижности во Гевгелија се осомничени за дело сторено во 2003 година.Според МВР, Д.Д. во извршен предмет на Основен суд Гевгелија со фирмата „Балкан Промет Јован“-ДООЕЛ како доверител на должникот АД „Пиперана“ без правен основ, односно знаејќи дека недвижен имот сопственост на РМ, а со право на користење на АД „Пиперана“ го ставил имотот во стечајна маса и потпишал договор за продажба, додека второпријавениот донел решение за продажба на имотот на фирмата „Балкан Промет Јован“-ДООЕЛ. Третопријавениот знаејќи за ваквите активности на останатите пријавени извршил упис на податоците на недвижниот имот и го запишал „Балкан Промет Јован“-ДООЕЛ како носител на недвижниот имот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.