Црна хроника
Службеник во компанија за дијаманти осомничен за организирање на сопствениот грабеж
Вработен на компанијата за дијаманти „Kiran Exports“, според полицијата, го организирал сопствениот грабеж во кој штетата се проценува на 12 милиони долари во белгискиот град Антверпен, кој е најголемиот ценатар за трговија со дијаманти и брилијанти во светот, изјавиле во понеделникот за РИА Новости од Антверпенскиот светски центар за дијаманти (Antwerp World Diamond Centre – AWDC).
Во октомври минатата 2012 година, во домот на еден од челниците на дијамантската компанија „Kiran Exports“, провалиле тројца вооружени крадци. Замајќи ја во заложништво неговата сопруга, криминалците го принудиле да земе од сефот на компанијата дијаманти во вредност од 12 милиони американски долари.
„Според истрагата, грабежот може да бил инициран од страна на жртвата“, изјавил соговорникот на аганцијата.
Според полицијата, жртвата наводно во договор со еден колега од комапнијата, најмил лице со потекло од Ерменија да го изврши грабежот, кој, пак, бил поврзан со двајца Чеченци.
Во јули 2013 година, под сомнение за грабеж биле уапсени четири од петте барани лица, вклучувајќи го и неименуваниот челник на компанијата „Kiran Exports“.
„Четворицата се ставени во притвор и, според сознанија, веќе го признале злосторството“, рекол изворот на аганецијата. Според него, кај уапсените во Антверпен биле пронајдени поголем дел од украдените дијаманти, во вредност од 8,7 милиони долари.
Уште еден од осомничените за вмешаност во грабежот, исто така, вработен на компанијата за дијаманти, кој ги ангажирал разбојниците, бил уапсен на меѓународниот аеродром во Амстердам. Постапката за негова екстрадиција во Белгија е веќе започната, додал извротор од – AWDC./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против битолчанец, ставил под хипотека туѓ недвижен имот во Охрид и стекнал корист од 352 илјади денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот К. Р. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неизвршување судска одлука и самовластие.
„Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин стекнал противправна имотна корист од 352.000 денари“, велат од СВР Охрид.
Топ
Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело узурпација на недвижности од чл. 225 од КЗ на РСМ.
А. Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице подолг временски период противправно завладеал имот, сопственост на државата, и го ставил во владение на своето правно лице.
Имотот што се наоѓа веднаш до цветниот пазар зад Поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, А. Р. противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, каде што за секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ. Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото ‘џип компас’, со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, е евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.