Црна хроника
Двајца убиени во пукотници во ресторан во САД
Две лица се убиени а петмина се ранети откако непознат напаѓач отворил оган пред мексикански ресторан во сојузната американска држава Калифорнија, јавува Associated Press.
Според полицијата, на пукањето му претходела тепачка која започнала во ресторанот од синџирот за мексиканска храна „Tacos Choice“ во градот Салинас. Кога учесниците во тепачката излегле на улицата пред локалот еден од нив извадил пиштол и стрелал во другите гости. Еден од повредените е во критична состојба.
Полицијата смета дека инцидентот е пресметка меѓу ривалските криминални банди.
Локалната телевизија KSBW потсетува дека во неделата во Салинас било убиено 23-годишно момче, а претходно изминатата седмица за време на брутален грабеж на една продавница бил убиен обезбедувачот, а од почетокот на годинава во ова неголемо место се случиле најмалку 15 убиства.
Од минатогодишната трагедија во Њутаун кога беа убиени 20 деца на 6 и 7-годишна возраст, со огнено оружје досега се убиени најмалку 6.839 Американци, според проектот slate.com и анонимниот креатор на Twitter feed @GunDeaths, при што се споменува дека вистинската бројка заклучно со 05.08.2013 најверојатно е „грубо 20.283 луѓе“. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.